ФК Скопје го ангажира Симеон Христов како големо засилување за вториот дел од сезоната

Второлигашот ФК Скопје продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок, откако официјално го промовираше Симеон Христов како нов фудбалер на тимот.

Искусниот офанзивец во Скопје доаѓа со цел да донесе дополнителен квалитет во напаѓачката линија и поголема конкуренција во борбата за повисок пласман во продолжението од првенството. Христов настапува на крилните позиции, но по потреба може да одигра и како централен напаѓач, што му дава флексибилност на стручниот штаб.

Станува збор за фудбалер со долгогодишно искуство во македонскиот фудбал, кој добро ги познава условите во домашните лиги и има одиграно значителен број натпревари во Првата и Втората лига.