
Фудбалскиот клуб Работнички по примерот на најголемите европски и балкански клубови, и официјално стана дел од Еспорт.
Екипата на Работнички Еспорт од 25. март ќе учествува во најсилната балканска лига во режимот Е-фудбал тројца против тројца, во која ќе се натпреварува против најсилните еспорт екипи на Балканот, Партизан, Црвена Звезда, Будуќност, Марибор, Истра.
Тимот ќе го предводи Армин Мандал како капитен заедно со соиграчите Марко Миниќ, Јакуп Максути, Томислав Халузан, Ниметула Даути и Бенјамин Аслани.
Телевизија М Нет продолжува со поддршка на вакви спортски настани.
Александар Ванев, М-Нет