
ФК Брегалница поразена со 0:3 од ФК Работнички во слабо издание на штипските сини. Натпреварот се одигра во Прилеп, поради тоа што теренот во Штип се реновира. Работнички дојде во водство во 16 мин. преку Методи Максимов. Со овој резултат се отиде на полувреме. Само што започна второто полувреме, истиот играч на Работнички зголеми на 0:2 во 46 мин. Конечниот резултат 0:3 го постави Бојан Илиевски во 66 мин.