
Прволигашот Брегалница преку соопштение испрати голема благодарност до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ и до сите искрени поддржувачи на клубот за поддршката.
„Сините“ преку своето кратко соопштение истакнаа дека во периодот што следи ќе се засилат на сите позиции.
„ФК Брегалница упатува благодарност до навивачките групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“ и сите искрени поддржувачи на клубот за поддршката и љубовта која безрезервно ја пружате и го следите клубот секаде! Во периодот што следи, ни претстои да се стабилизираме, екипираме, да го засилиме ростерот на сите позиции и да бидеме она што навивачите го очекуваат и заслужуваат“, велат од ФК Брегалница.
„Сините“ на стартот од новата сезона загубија од шампионот Вардар со 2:0 во гости, а на домашен терен во рамки на второто коло ќе се соочат со Арсими.
Александар Ванев, М-Нет