
ФК Башкими Куманово преку објава на својот официјален Фејсбук профил информираше дека девет фудбалери си заминуваат од клубот во пресрет на продолжението од сезоната.
Клубот се разделува со: Џелили, Бихораќ, Симоновски, Ајдоган, Адекунле, Јахја, Аскар, Реџепи и Хаџиќ.
Станува збор за кадровски промени во рамки на зимскиот преоден рок, а од Башкими најавуваат дека во наредниот период ќе следуваат информации за нови засилувања.