Фета Фетаи потпиша четиригодишен договор со Работнички

Големиот талент Фета Фетаи потпиша професионален четиригодишен договор со прволигашот Работнички. Тој е уште еден од плејадата талентирани фудбалери кои потекнуваат од школата на „романтичарите“ и добиваат свое место во сениорскиот тим. Тој е играч од средниот ред.

Фетаи од почетокот на сезоната е прекомандуван во сениорскиот погон, а го имаше и официјалното деби. Се наметнува сериозно кај шефот на стручниот штаб Милан Илиевски и пред него е светла иднина.