
Во државата се лекуваат 23 пациенти од повредените во пожарот во дискотеката во Кочани. Денеска ќе се испише еден пациент, а во претходниот период на домашно лекување се пуштени повеќе од 20 пациенти. Во странство пак се лекуваат 113 пациенти, а вчера двајца се вратија во државата, еден од Србија и еден од Бугарија.
„Моментално вкупно во државата се лекуваат денеска само 23 пациенти, а над 20 пациенти веќе се пуштени на домашно лекување. Сите пациенти се стабилни, во добра состојба. Добри вести има и од тие кои се лекуваат во странство и се лекуваат 113 пациенти. Вратени се еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија.“ – вели Таравари.
Како што извести Таравари денеска треба да се вратат од лекување уште пет пациенти, четири од Шпанија и еден од Грција. Тие ќе бидат сместени во скопските клиники пред да бидат пуштени на домашно лекување.
„Уште една добра вест, денеска се враќаат уште пет пациенти, четири од Шпанија и еден пациент повторно од Грција. Тие ќе бидат сместени првите 24 часа во клиниките во Скопје. Утре треба да се вратат уште четири пациенти“ – вели Таравари.
Пацинетите кои се лекуваат во странство главно се со изгоренци.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет