
Бојан Величковски е новиот началник на СВР Штип, Игор Јаковлевски пак е новиот началник на ОВР Кочани. Овие промени се направени по страшната трагедија во дискотеката во Кочани, откако министерот за внатрешни работи ги разреши началниците со цел да се спроведе целосна и истрага без притисоци. Командир на Полициска станица Кочани е Горан Миленковски Спенсер.
Како што истакна Тошковски неколку дена по несреќата, Разрешувањето на раководните лица во Кочани и Штип и нивна замена со службеници во Скопје, е со цел процесот да се одвива без притисоци, сомнежи или влијанија.
„Во моменти како овие, клучно е инситуциите да работат со највисока транспаретност и професионалност, и затоа воспоставуваме оперативна поставеност која ќе овозможи целосна непристрасност со луѓе кои немаат лични или професионални релации со самата средина“, кажа Тошковски, два дена по несреќата.
Бојан Величковски дојде на местото на Дејан Салтировски кој беше началник на СВР Штип, додека Јаковлевски доаѓа на местото на Марија Маневска.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет