
Училишното ѕвонче утринава го означи почетокот на новата учебна 2023 / 2024 година. Над 200 илјади основци и средношколци се вратија во училишните клупи. Одржани првите класни часови, учениците и наставниците подготвени за нови предизвици и нови знаења. Откако вчера со свечена манифестација се примаа првачињата во Штип, топло добредојде во училишните клупи денеска им поска и директорката на штипската медицина.
„Денес заѕвони првото ѕвонче за учениците од основните и средни училишта за учебната 2023/ 2024 година. СОУ Јане Сандански ги одржа првите класни часови за учениците од прва и втора година. Како што веќе беше објавено учениците редовно и навремено стигнаа на настава, користејќи го беспалтниот превоз.“ – вели Николиќ.
Оваа учебна година за првпат ќе заврши на 17 наместо на 10 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024.
Согласно Концепцијата за основно образование, која етапно се применува од 2020-та, во оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците во трето и во шесто одделение, но учебниците уште не се готови. Додека се испечатат учебниците на располагање ќе бидат помошни материјали за трето и шесто одделение, кои ги изработи Бирото за развој за образованието, наменети и за учениците и за наставниците, и достапни во електронска форма на веб-страницата на Бирото.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера соопшти дека доцнење ќе има само на учебниците за шесто одделение кои се во фаза на одобрување и очекува да бидат испорачани во текот на септември.
Лаура Стојанова М-Нет