Огромен интерес за градскиот превоз во Штип, до пладне се возеа над 1500 граѓани

Над 1500 граѓани до пладне се возеа со градскиот линиаки превоз во Штип кој почна да функционира од утринава. Интересот од страна на граѓаните голем, а за тоа зборува и сликата на терен.

„Сите возила од утринава тргнаа на време, без никакви проблеми. Имаме огромен одзив од граѓаните. Ако денот по утрото ова ќе биде успешен проект за сите“ – вели Стефановски.

Ако за такси од Бабите до центарот се плаќа 100 до 120 денари за такси во еден правец, сега ќе се плаќа автобуска карта од 30 денари. Граѓаните велат дека со ова ќе имаат можност да одат до центгарот за помалку пари.

Во оваа прилика Јорданов апелираше јавниот превоз да се користи со цел да се намалат трошоците на граѓаните, ама и да се намали гужвата во сообраќајот.

„Да ги смениме навиките на граѓаните за да придонесеме често да се користи јавниот превоз, пред се да се намали сообраќајниот метеж, намалување на трошоците на граѓаните, ова е само почеток“ – вели Јорданов.

На повеќе линии ќе се движат седум автобуси, во приградските штипски населби и до Општина Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет