Учениците од СОУ „Јане Сандански“ Штип од понеделник се враќаат на настава со физичко присуство

По едномесечна он лајн настава, од понеделник во клупите се враќаат и учениците од средното медицинско училиште Јане Сандански во Штип. Проблемот со парното греење е решен вели директорката Марија Николиќ во телефонски разговор за М-Нет телевизија, упатувајќи благодарност до сите вработени, ученици и родители за трпеливоста и поддршката.

„Од 12 септември со почетокот на учебната година останавме на он лајн настава поради санација на системот за парно греење. Ги известуваме учениците, родителите и наставниците дека од понеделник 17 октомври се враќаме на редовна настава со физичко присуство.“ – кажа Николиќ.

Проблемот со системот за парно греење во штипското медицинско училиште се провлекува од минатата година. Сега со средства од Локалната самоуправа е направена целосна санација и реконструкција, со што се решава проблемот за наредните 30 години, додава Николиќ.

„По завршување прокетот санација и реконструкција на системот за парно греење можеме да кажеме дека сме подготвени за нормално функционирање на наставата. Се работи за стар проблем во училиштето кој го имавме и претходната година, кон крајот на декември месец имавме хаварија на системот за парно греење и останавме и тогаш на он лајн настава. Сега со поддршка на Општина Штип добивме средства од 2,200,000 денари и успеавме да направиме комплетна реконструкција.“ – додава Николиќ.

Он лајн наставата се воведе со цел да се заштитат и учениците и наставниците додека се извршуваат работни активности за поправка на парно системот. Овој систем беше со дотраена инсталација и истиот не беше променет 36 години, исто колку што и постои училиштето.

Лаура Стојанова М-Нет