УХМР: Поројни дождови – ризик од можно излевање на помалите реки

Поројни дождови ја зафаќаат земјава и носат потенцијална опасност од излевање на реките . Според секторот за хидрологија при Управата за Хидрометеролошки работи, локално се можни поинтензивни и поројни врнежи кои може брзо да го зголемат водостојот на суводолиците и помалите реки. Зголемен водостој се очекува и во реката Брегалница, но не и излевање на истата. Опасноста се однесува пред се на помалите водотеци кои реагираат најбрзо на интензивни врнежи. Надлежните апелираат на внимателност особено во југоисточните делови од државата.

,,Најголеми количини на врнежи се очекуваат во југоисточните делови во текот на денешниот ден како и во централните и делови од северните делови. Во самиот источен дел нема толкави прогнозирани количини на врнежи, мегутоа сепак се очекуваат некаде околу 20 литри на м2 што може да придонесе до локално зголемување на водостојот на помалите реки и суводелиците. Во тој дел од сливот претежно на реката Брегалница. Лоално можно е да има поинтензивни и поројни врнежи и во тој дел од земјава и единствено е можно побрзо и значително зголемување на водостојот на суводелиците и помалите реки во тој регион.“, рече Угрински

Пообилни врнежи од дожд не очекуваат се до крајот на седмицата, потенцираат од управата за хидрометеоролошки работи. Велат дека температурите нема да бидат многу ниски и ќе се движат во интервал од 7 до 13 степени.

Според проценките на управата за хидрометеоролошки работи во најавените обилни врнежи од дожд се очекуваат над 30 литри на м 2, а некаде и околу 40. Засега според новите материјали не се очекува ладен бран, кој можат да предизвикат врнежи од снег, а истиот се очекува само на планините.

Иван Митев, М-Нет