
24 годишно момче без дозвола извадило над 30.000 денари од картичка на жена во Штип, денес доби кривична пријава
СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.