
Утре се празнуваат светите бессребреници и чудотворци Козма и Дамјан, заштитниците на хирурзите, лекарите, стоматолозите, фармацевтите и болните. Обајцата светители биле браќа по тело и по дух, родум негде од Азија, од татко незнабожец и мајка христијанка. По смртта на татко им, нивната мајка Теодотија целото време и труд ги дала на тоа да ги подигне и воспита синовите како вистински христијани. И навистина така и било. Бог и помогнал, та нејзините синови израснале како две слатки овошки и како два светилника на светот. Биле научени на лекарската вештина и бесплатно им помагале на болните, не толку со лекови колку со името на Господ Исус Христос. Ги нарекоа бесребрени лекари, бидејќи лечеа бесплатно и така ја исполнуваа Христовата заповед. Овие свети браќа биле големи чудотворци и за време на животот и после смртта. На еден слуга на спиење му се вовлекла змија низ устата во стомакот и кутриот човек ќе умрел во најтешки маки, ако во последен миг не ги повикал на помош светите Козма и Дамјан. Така ги прослави и Господ со чудотворство засекогаш оние коишто Го прославуваа Бога на земјата со вера, чистота и милост. Во Штип овој ден се празнува во црквата посветена токму на овие бессребни лекари во дворот на штипската клиничка болница, каде верниот народ ќе дојде да се поклони и запали свеќа во нивна чест. Граѓаните на Штип како и секоја година, достојно и оваа ќе имаат домашни слави и имендени на сите тие кои го носат името на овие светиели.
Иван Митев, М-Нет