
Расте бројот на дијабетичари, меѓу нив и новороденчиња. Болеста зема загрижувачки замав во Македонија, а бројот на пациенти постојано расте. Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев, предупредува дека меѓу новите случаи се и најмладите пациенти, дури и бебиња. Сѐ повеќе лица развиваат сериозни компликации, како срцеви, мозочни и бубрежни заболувања. Тој апелира на редовни контроли, рана дијагностика и превенција, за да се спречи ова тивко, но опасно заболување.
,,Расте бројот на лици заболени од дијабетес, особено тип 2, кои што се а почеток и не се води некаква превентивна програма, односно нема некоја преветивна програма. Меѓутоа расте бројот и на компликации за жал, кои што се од дијабетесот. Toa што го имам сретнато е двомесочно време, тие се најмладите пациенти со тип еден. Видете имаме напредок, имаме современа терапија инсулинска, особено во делот на секојдневниот живот, но имаме проблем со антидиебетната терапија, односно терапијата која што се превенира компликации кај лицата со инсулин и кои што развиваат срцеви, мозочни, бубрежни заболувања.“, рече Велев
Граѓаните треба редовно да се прегледуваат, особено оние кои многу седат и немаат многу физичка активност. Навремена контрола кај матичен или специјалист помага рано да се откријат проблемите и да се намали ризикот од сериозни компликации.
,,Jас би апелирал го граѓаните до јавноста да самите иницираат преветнивни прегледи, особено луѓето кои што седат на работа, немаат многу активност. Храната си го праве своето, стресовите дополнително, бидејќи сите живееме во стресно време. Најголем проблем е самото прашање како да не се нервираме. Треба да се прегледуваме, кај матичните лекари или кај специјалистите.“, додава Велев
Дијабетесот е хронично метаболичко нарушување кое се карактеризира со покачена концентрација на гликоза во крвта. Тоа се случува кога телото не е во состојба да го регулира нивото на шеќер поради проблеми со хормонот инсулин, произведен од панкреасот. Иако симптомите обично варираат во зависност од типот на дијабетес и од самиот пациент, овие се најчестите симтоми. Зголемена жед, Зголемен апетит и зголемена желба за слатка/блага храна, често мокрење, губење на тежина, замор и слабост, проблеми со видот, инфекции, бавно заздравување на рана, дигестивни нарушувања, раздразливост и промени во расположението.
Иван Митев, М-Нет