
Од утре започнува плеј-оф и плеј-аут сегментот на ракометната Суперлига на Македонија со натпреварите од првото коло, а на стартот веднаш и дерби меѓу Вардар и Алкалоид.
Токму со дербито меѓу двете екипи кои конкурираат за титула ќе се отвори плеј-оф сегментот во Суперлигата. Двете екипи во овој сегмент од натпреварувањето во ракометната елита на Македонија префрлија по два бодови.
Охрид ќе гостува во Скопје каде ќе се соочи против Бутел, во меч каде охриѓани ќе имаат тежок меч, а пак шампионот Еурофарм Пелистер отвара против Тиквеш во Кавадарци од каде ја започнува битката за одбрана на титулата.
Колку за потсетување Еурофарм Пелистер пренесе три бодови, Вардар и Алкалоид по два, Охрид и Тиквеш по еден, а Бутел не пренесе бодови во плеј-офот.
Во рамки на првото коло на плеј-аутот Куманово на домашен терен ќе го пречека тимот на Радовиш, овие две екипи меѓусебно го затворија регуларнито дел кога радовишани на свој терен беа подобри. Прилеп започнува на домашен терен против Борец Ф.Л., а пак Пролет на домашен терен ќе ја пречека екипата на Струга.
Во плеј-аутот Пролет пренесе три бодови, по два Куманово и Прилеп, Струга и Борец Ф.Л. по еден бод, а пак Радовиш не пренесе бодови во плеј-аутот.
Александар Ванев, М-Нет