
Во три дена беше комплетирано 21. коло на Првата кошаркарска лига на Македонија, а во рамки на истото фаворитите одиграа според планот.
Шампионот и лидер на табелата МЗТ Скопје со 77:85 го доби мечот со Феникс, Работнички со 11 поени разлика славеше против Гостивар со конечен резултат од 79:90.
Кошаркарите на Кожув стигнаа до трета победа во низа откако Кожув со 94:89 ја доби екипата на Шкупи на домашен терен, додека пак Пелистер лесно се справи со „фенерџијата“ Вардар откако битолските кошаркари триумфираа со 98:57.
Во најнеизвесниот и најизрамнетиот меч ТФТ Скопје го доби Тиквеш во Кавадарци со 63:66, самотри поени разлика во натпревар каде и двете екипи имаат по едно добри и едно бледо издание на теренот. Куманово на домашен терен со 97:74 ја доби екипата на Чаир за 13-то славје.
На табелата и натаму шампионот МЗТ Скопје е прв со 37 бодови, кошаркарите на Работнички и ТФТ го делат второто место со по 35 бодови, а по 34 бодови имаат екипите на Куманово, Пелистер и Кожув. На делба на седмото место се Чаир и Феникс со по 31 бод, а пак Тиквеш има 30 бодови. По 28 бодови имаат Гостивар и Шкупи за делба на десеттата позиција, на дното е Вардар со 21 бод единствен тим кој нема позитивен резултат.
Александар Ванев, М-Нет