
Утре продолжува рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. По првото одржано и второто одложено рочиште, родителите на загинатите деца очекуваат правда, бараат правично судење и одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица.
„До кога ќе се одложува правдата, до кога ќе се одложува вистината. На иститот паркинг без никаква организација“ – вели Наунов.
На последниот одржан „Марш за ангелите“ во Кочани, уште еднаш гласно порачаа дека до крај ќе се борат за одговорност, ќе ги следат рочиштата, со цел првдата да биде задоволена.
„Нашата гнев не е омраза, нашата реакција не е напад, тоа е болка што врие во секој родител што изгубил дете. Нашите срца се ранети, нашшите животи се скршени, нашите домови се осиромашени. И кога ќе ни кажат немајте реакција ние велиме не, ние ќе реагираме ние ќе зборуваме, ние ќе се бориме затоа што нивната работа е одбрана, а нашата борба“ – вели Наунов.
Во вторникот беше одложено рочиштето за „Пулс“ бидејќи дел од обвинетите не го добиле интегрираното обвинение и не се изјаснија за вина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет