
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, е избран за нов претседател на Советот на ИПР. Денеска се одржа конститутивната седница на советот, со новоизбраните градоначлници на 11 општини од Источниот дел од државата.
„За мене како нов претседател на регионот и за моите колеги градоначалници приоритети же бидат сите оние регионални проекти кои и до сега беа како проблем, меѓутоа од повеќе причини не се реализирани. Но и сите нови идеи и предлози со кои ќе бидат засегнати повеќе општини од Источниот регион.“ – вели Тоневски.
Дополнително денеска се одржа и конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор ѐа управување со отпад во Источно планскиот регион. Изградбата на регионаланата депонија во светиниколско останува приоритет кој треба да биде завршен во наредните години.
„Се надевам дека во овој мандат конечно ќе се реши проблемот со изградбата на регионалната депонија која е еден од најголемите проблеми, не само во нашиот регион туку на ниво на цела држава.“ – додава Тоневски.
На седницата присуствуваа градоначалниците на сите 11 општини од Истокот, а претседателот на советот на ИПР има мандат во траење од една година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет