
Утре нов бојкот во маркетите во Македонија. Поголем дел од граѓаните се подготвени и утре исто како и претходниот петок да бојкотираат и да не купуваат од маркетите. На ваков начин се обидуваат да придонесат за налаување на цените на производите во маркетите кои се доста високи. Министерот за економија, Бесар Дурмиши на денешната прес конференција посочи дека контроли веќе се прават на терен и утре или најдоцна во понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на производите.
„Поради тоа што имавме информации дека се зголемиле основните цени на поризводите, затоа ние кажавме дека ги разбираме граѓаните и преземавме чекори. На терен дадовме насоки за да се излезе со контрола за цените во последните шест месеци. Кога ќе заврши таа процедура, врз основа на тој извештај ќе се преземат мерки“ – вели Дурмиши.
Се контролираат и добавувачите, и производителите, и трговите и продавачите со цел да може да се дејствува и цените во маркетите да почнат да бележат намалување.
„ДПИ до крајот на неделата ќе ги завршат сите контроли. Тие ги контролираат дистрибутерите, пртодавачите, производителите и трговците и понатаму ќе се носат мерки.“ – додава Дурмиши.
Инаку, по бојкотот во петокот и анализите на УЈП прометот во големите ланци на маркети беше намален за половина споредбено со претходниот ден.
Лаура Стојанова М-Нет