
Крајот на месецов ќе се спроведе првото прскање против комарци од земја за оваа година во Штип и Кочани. На 30 мај во вторник наутро ќе се спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците на територија на Општина Штип.
„Запрашувањето ќе се спроведе на 30.5.2023 (вторник – наутро) во периодот од 01 до 07 часот со апаратура за ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачајата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територија на општината, урбаните населби и локалитети. Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за наредниот поволен ден“ – велат од Општина Штип.
Ден потоа во среда ќе се прска и во Кочани како и околните села. Во првата фаза ќе бидат опфатени 300 хекатри на локации во Кочани и околните населени места.
„В среда, на 31 мај 2023 година во Кочани, во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од превентивното терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци. Истиот ден ќе се спроведе и ларвицидно третирање. Во првата фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на град Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.“ – стои во сооштението од Општина Кочани.
И оваа година идентино како и претходните општините од Истокот не најдоа заеднички начин за прскање против комарци, па и годинава секоја општина самостојно ќе прска и ќе се справува со комарците.
Лаура Стојанова М-Нет