Над 440 учесници вчера трчаа во Кочани и Зрнoвци

Викнедов се трчаше во Кочани и Зрновци. По улиците во централното градско подрачје во Кочани трчаа над 270 учесници пријавен од цела држава, на втората урабна трка организирана од страна на Ротари клубот Кочани – Виница. Се трчаше на 2.5, пет и десет километри, а тенденцијата е оваа трка наредната година да има Меѓународен карактер.

„На трката иам пријавено повеќе од 270 учесници, кои ќе трчаат во три категории, 2.5 километри, на пет и на десети километри. Има пријавено учесници од цела Македонија, дури и олимпици од нашата држава, трката е доста интересна. Се надеваме дека наредната година оваа трка ќе биде Меѓународна.“ – вели Андонов.

Над 170 ученсници пак трчаа во Зрновци во чест на Васе Ангелов, на урбано ридска патека во должина од 2,5 километри. „Младите трчаат“ во Зрновци беше во организација на Општина Зрновци и Локланиот младински совет. Трката започна од повеќенаменското спортско игралиште Васе Ангелов низ централните улици во Зрновци до мансатирот Свети Тома во подножјето на планината Плачковица. На настанот беа доделени благодарници и признанија, а целта на иститот е да се развие спортувањето во Зрновци со тенденција оваа трка да продожи да се организира и негува и во годините кои следуваат.

Лаура Стојанова М-Нет