
Утре започнува новата сезона во ракометната Суперлига на Македонија со пет натпревари, а дербито на колото се игра в недела.
Шампионот Еурофарм Пелистер одбраната на титулата ја започнува во Кавадарци каде ќе има незгодно гостување против тимот на Тиквеш. Битолчани по поразот во Суперкупот веднаш на стартот од новата сезона сакаат сигурен триумф и најава за одлична сезона.
Овој натпреваро ќе започне во 19 часот.
Бутел Скопје на домашен терен ќе игра против екипата на Куманово во меч каде домашниот состав е фаворит за трите бодови, а стартот на овој меч е во 15 часот.
Апсолутниот фаворит Охрид гостува кај повратникот Радовиш, натпревар кој се игра во СРЦ „25-мај“, а кој ќе започне во 19 часот.
Струга на домашен терен ја стартува новата сезона во изменет лик од минатата сезона, но ќе влезе како благ фаворит за трите бодови против новајлијата Фруит Ленд Борец, кој за првпат ќе заигра во Суперлигата, а оовј меч на програмата е во 16 часот.
Неизвесно ќе биде на мечот меѓу Прилеп и Пролет дуел на две екипи кои силно атакуваат на трите бодови, целта и на двете екипи ќе биде место во плеј-офот, а стартот на мечот е во 18:30 часот.
Колото ќе биде комплетирано со дербито во Автокоманда кое се игра во недела меѓу освојувачот на Купот и Суперкупот екипата на Алкалоид против вицешампионот Вардар. Алкалоид по освојување на Суперкупот откако триумфираат над шампионот Еурофарм Пелистер максимално мотивиран тргнува во новата сезона. Дербито во Автокоманда се игра со почеток од 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет