Утре е Свети Димитриј или Митровден – чудотворниот заштитник на верниците

Утре е Свети Димитрија или уште познат ден како Митровден, чудотворниот заштитник на христијаните. Родум од Солун во куќа на благочестиви и благородни родители, син на татко вовода. По смртта на татка си, младиот Димитрија бил поставен на истата должност. Но, иако царот Максимијан му наредил да ги гони христијаните, Димитриј го направил спротивното – отворено ја исповедал својата вера во Христа и ги поучувал луѓето во Солун да го следат патот на љубовта и вистината.

Кога дознал за тоа, царот се разгневил и наредил Димитриј да биде затворен. Светителот, свесен дека го чека страдање, со мир во срцето го прифатил својот пат и му го доверил целиот свој имот на својот ученик Луп, за да им помогне на сиромашните. Во затворот, според преданието, му се јавил ангел Божји со зборовите: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар.“

Најпосле, по наредба на царот, војници го проболе со копја додека се молел. Верниците тајно го погребале, а од неговото тело почнало да тече миро што носело исцеление. Така започнало чудотворното предание на Свети Димитриј.

Над неговите мошти била изградена црква, а потоа, по исцелението на илирскиот војник Леонтиј, на тоа место никнала уште поголема и посвета базилика. Кога подоцна императорот Јулијан се обидел да ги пренесе моштите во Цариград, според преданието, од гробот излегле пламенови и се чул глас: „Застанете и не гибајте!“ – поради што моштите останале засекогаш во Солун.

Свети Димитриј низ вековите се јавувал како заштитник на градот, спасувајќи го од војни и несреќи. Неговите чуда, велат верниците, се безбројни. Денес, покрај Солун, го почитуваат и во многу православни земји, а Русите го сметаат и за покровител на Сибир.

Утре именден слават Димитар, Димитрина, Димитри, Митре, Митра и слично.

Иван Митев, М-Нет