Утре , македонскиот народ го празнува големиот празник Прочка или Велики Поклади. Празникот прочка претставува еден од најголемите христијански празници кај нас. Обичајот проштевање е меѓусебно помагање на луѓето. И се верува дека, на овој ден небото и земјата се проштеваат, па тоа треба да го сторат и луѓето. Секогаш помалиот бара прошка од постариот, со зборовите „Прости ми“,на што се одговара „Простено да ти е и од мене и Бога“.
„Прочка е голем христијански празник кој означува простување од Бога. Да знаеме да простиме на нашиот ближен.“ Изјавува, Јанев