По 70 години населба „Нов Караорман“ конечно доби канализационен систем со прочистителна станица

Населба „Нов Караорман“ за прв пат после 70 години добива нов канализационен систем  со пречестителна станица за одвод на отпадните води. Денеска во присуство на Министерот за транспорт и врски, Бочварски и градоначалникот на Карбинци, Насев се изврши увид во извршувањето на активностите за потребите на граѓаните кои живеат и работат овде.

„Го затвараме прашањето со овој горлив проблем на граѓаните од „Нов Караорман“, но паралелно со ова работиме и на исти ваков канализационен систем во населеното место Козјак“ истакна Бочварски.

Во населба „Нов Караорман“ 20тина докмаќинства и 10тина правни субјекти кои егзистираат на овој дел  добиваат нов канализационен систем кои и ги решава проблемите страи 70 години.

„Се работи за систем за одведување и прочистување на комуналните води од домаќинствата. Сега за прв пат после 70 години овие домаќинства ќе имаат непречена можност да користат една ваква услуга“ – кажа Насев.

Задоволни од ваквиот ангажман на надлежните се и жителите од „Нов Караорман“.

Оваа инвестиција е на Министерството за транспорт и врски и канализациониот систем е вреден 13.5 милиони денари, и истиот е над илјада и шестотини метри заедно со прочистителната станица за отпадни води.

Лаура Стојанова М-Нет