
Утре, сабота, 4 јуни, во Штип ќе се одржи фудбалскиот турнир “Брегалница Куп 2022” за генерација 2007 год. Како што информираше координаторот на овој турнир Мијалче Прошев, ќе учествуваат екипите на Брегалница – Штип, Мал Ајакс – Штип, Тиквеш – Кавадарци, Осогово – Кочани, Детонит – Радовиш и Борец – Велес. Ќе се доделат медали за најдобрите три екипи во натпреварувањето и ќе има награди за најдобриот голман и најдобриот стрелец. Натпреварите започнуваат во 9 часот, на стадионот Суитлак. Турнирот свечено ќе биде отворен од страна на градоначалникот на Штип Иван Јорданов.