
Утре дел од граѓаните во Општина Штип ќе останат без водоснабдување заради изведба на нова приклучна врска за водоснабдување. Имено, ЈП „Исар“ ги известува жителите од улиците: „Григор Прличев“, „4-ти јули“, „Панче Карагозов“, „Широк дол“, „5-ти конгрес“, „Цвета Јованова“, „Браќа Даневи“ , дел од ул.„Солидарност“, „Митко Соколов“ и ул.„Сутјеска“ (од Кам маркет до триангла кај т.н.печурки) дека утре 27.03.2021 год.(сабота) ќе бидат без вода од 07,00 часот до завршување на планираните активноси. Сектор Водовод и канализација ќе работи на изведба на нова приклучна врска за водоснабдување од ул.„Сутјеска“ кон ул.“Панче Карагозов“.
Лаура Стојанова М-Нет