
Денеска во посета на Општина Штип беше Амбасадорката на Шведска, нејзината ексиленција госпоѓа Кристин Форсгрен Бенгстон. Таа оствари средба со градоначалникот на Штип, Николов, се дискутираше на доста значајани теми, како правење на булевар на улица „Партизанска кој ке направи дополнителен влез и излез од Штип.
„Објаснив дека работејќи на проектот кој што го добивме преку Европската комисија заедно со Кралството на Шведска добивме преокет за градење на 100 типски куќи во ромската населба. Тема на дискусијата беше и ковид ситуацијата, вакцинацјата“ – истакна Николов.
Покрај сериозноста на дискусијата, шведската Амбасадорка беше и во посета на Исарот, задоволна што ги видела и почувствувала убавините на Штип. Таа истакна дека и традицијата со собирање и фрлање на 40 камчиња на 22 март, е слична со нивната само тие собирале 7 цвеќиња ги ставале под перница и ја сонувале својата иднина.
Лаура Стојанова М-Нет