
Со прогласување на петтемина финалисти заврши првата вечер од Макфест 2021 во Штип. Вечерва свој настап повоторно на макфестовата бина ќе имаат Александар Тодороски, Марија Данева, Виолета Арсовска, Рахила Такашманова и Калина Велковска. Фестивалот беше под отворено небо во аква бела ресортот во Штип, а иста е локацијата и вечерва со почеток од 20:30 минути. Првиот човек на градот под Исарот, доктор Сашко Николов пред почетокот на првата макфестова вечер истакна дека преставува големо задоволство за него што може да се најде во улуга на организатор на еден ваков вестивал.
„Претставува среќа за една општина да биде организатор на еден ваков убав, модерен, забавен фестивал наречен Макфест и како градоначалник имам среќа и задоволство да бидам татко на градот на музиката. Макфестот е се она што го гледаме , што го доживуваме, макфестот е никогаш да не си осамен, макфестот се ѕвона ѕвонат, виолината и гитарата“ – истакна Николов.
Возбудата на учесниците беше голема и пред и по настапот, но и голема чест што за прв пат се најдоа на сцената на Макфест.
Годинава Макфест за прв пат имаше и нови водители меѓу кои и Миро Кацаров. Тој вели за него ова претставува голема привилегија бидејќи ова е фестивалот со кој тој пораснал.
36тото издание на Макфест односно финалето продолжува вечерва.
Лаура Стојанова М-Нет