Намалените автобуски линии дополнителен проблем за такси компаниите

Сивата економија односно нелиценцираните такси возачи, но и фактото дека нема постојани авобуски линии од Штип до поголемите градови во државата, но и до селата и градовите во регионот дополнителен проблем поради кој за такси возило во Штип се чека од 15 минути до половина час. Такси компаниите кои работат на територијата на Штип се со ограничен број на возила па како што истакна претседателот на здружението на таксисти „Такси 2003“ , Глигор Арсов капацитетот за услуга е тој.

„ Проблем е што прво ги заземаат нај добрите позиции, бележаните места, а од друга страна немаат никаква обврска да возат секој ден. Морам ова да го кажам проблем е за Штип возат од понеделник до петок вршат некоја услуга каква такава, дојде сабота, недела, празници ги нема никаде, целиот терет пак кај нас.“ – истакна Арсов.

Штип е универзитетски град, но голем дел и од учениците и од студените мака мачат со превозт. За пример ретки скоро па и да ја нема е релацијата од Картово и Пробиштип до Штип, а во последната ковид година нема постојана автобуска линија ниту од Берово и Делчево.

Постојан лини нема ниту помеѓу Штип и Карбинци па и за овде е потребно такси возило. Шлагот на проблемите се старите и дотрајани возила кои сеуште се користат за такси превоз. Според Арсов тенденција за нивна замена има, но не и можност за тоа. Во државата за возилото да може да врши такси услуги потребно е да има клима, а тоа го имаат и постарите автомобили.

Според Арсов конкретни решенија со промена на Законот, подзаконските акти и правилници ќе се бара по завршување на изборите.

Лаура Стојанова М-Нет