
Одлични резултати за женскиот фудбалски клуб Кочани, кој есенската полусезона од сезона 2024/2025 ја заокружува успешно како есенски шампион во Втората женска фудбалска лига, а со тоа клубот е прв фаворит за враќање во Првата женска фудбалска лига.
Повеќе од јасно е дека со ростерот на играчи кој го има, Кочани во пролетниот дел ќе треба да го потврди првото место и со тоа да избори директен влез во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.
Седум од седум во есенскиот дел, постигнати фантастични 61 погодок за најдобар напад, а примени само четири погодоци за најдобра одбрана во лигата.
Кочани го има и најдобриот стрелец во лигата тоа е репрезентативка Афродита Салихи со постигнати 36 погодоци, на второто место е Теодора Јанкова од Вардар со 15 гола, а на третото место е Ангела Стојковска, исто така од Кочани со 14 гола.
Пролетната полусезона екипата на Кочани ја отвара на домашен терен против Билјанини Извори од Охрид.
Александар Ванев, М-Нет