Футсалот во Македонија нема младински категории, интерес за футсал во Свети Николе има, но проблем се термините во салата!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Футсалот во Македонија нема младински категории, тој е застапен само во сениорска конкуренција, односно преку Првата и Втората футсал лига на Македонија. Претседателот на Овче Поле од Свети Николе, Дејан Петровски во гостувањето во Трибина на М Нет телевизија вели дека футсалот во регионот значително се развива и се подига квалитетот, но не и во Македонија.

„Па да ви кажам искрено во тој дел сум скептик мислам дека сите околни држави околу нас одат со брз напредок во делот на футсалот мислам дека Македонија стангира во тој дел. Од многу причини пред се мислам дека инфраструктурата, лоша поставеност, организациски исто во клубовите не доволна поставеност, не доволна едукација на тренери, нема младински категории пред се тука треба да се обрати внимание на тој дел. Јас на неколку пати во федерацијата на состаноци сум го предложил тоа да ние како тренери мора да бидеме едуцирани, да дојдат некои едукатори кој што ќе ни дадат некои насоки, а ние натаму сами треба да го применуваме тоа кој колку знае и може. Мислам дека тоа е клучното и ако долгорочно се гледа мора гледа на младински категории“, вели Петровски.

Интерес кај децата од мала возраст за футсалот има, но немањето на младински футсал е проблем, кој според Петровски ќе треба да се решава во иднина, но проблем во Свети Николе е и салата која е максимално исполнета со термини.

„Искрено да ви кажам јас како предводник на футсал клубот имам разговарано со многу од родителите, коишто сакаат да ги донесат нивните деца да спортуваат во нашиот клуб да играт футсал, меѓутоа проблемот најголем е во термини за сала. Значи имаме една сала која е максимално исполнета со екипи кои што играат машки и женски ракомет и они веќе имаат младински екипи. Мислам дека тоа е еден од приоритети на футсал екипата Овче Поле, да формираме младинска екипа, без разлика дали ќе започне да се натпреварува, но со тек на време мислам дека и од федерацијата ќе сфатат дека морат со тој дел, за да може да го развиваме футсалот и да размислуваме подолгорочно. Ние имаме разговарано како управа за тоа веќе имаме млади дечки кои доаѓаат сами да побаруваат да играт и веќе од ова сезона имаме шест до седум дечки, кои немаат ни 16 години, некои од нив сега наполнија, некои не, но ме радува што сакаат да дојдат да играт футсал. Се надеваме дека еден ден во блиска иднина ќе се оформи млада екипа и се надевам ќе се направи лига“, кажа Петровски во Трибина.

Овче Поле размислува за формирање на младинска екипа без разлика дали во иднина ќе има младински футсал, интересот во Свети Николе за овој спорт е голем, а Петровски се надева дека федерацијата ќе размисли и ќе овозможи формирање на младинска лига, а тоа значително ќе влијае врз подигање на квалитетот на футсалот.

Александар Ванев, М-Нет