
Покачување на цените на вода во Кочани бара Управниот одбод на КЈП Водовод. Ова како барање повторно ќе биде доставено на наредната седница на советот која е закакажана за 12 јули. Тогаш ќе се знае дали советниците ќе дадат зелено светло на барањето кое го одбија претходниот месец.
10% се бара покачување на водоснабдувањето на домаќинствата, додека кај правните лица тоа би било 13,3%. Собирањето и одведувањето на отпадните води за домаќинствата би било повисоко за 60, а за правните лица за 75%.
На што се должат ваквите одлуки и зошто Управниот одбор на претпријатието донесе ваква одлука го прашавме директорот на КЈП Водовод, Антонио Паунов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија посочи дека одлуката е на Регулаторна комисија, согласно проценките кои се направени измминатиот период. Вели дека зголемувањето е минимално од 2 до 3 денари, и дека подетални информации ќе има до петок.
Управниот одобор на КЈП Водовод Кочани зголемување на цената на водата побараа и претходниот месец.
Лаура Стојанова М-Нет