Уништени скулптури на животни за неполн месец е сликата во паркот во Штип која беше со позитивен гест

Пред неполн месец во паркот кај местото „Суитлак“ во Општина Штип, беа поставени скулптури на животни кој даваа еден поинаков лик на самиот простор. Целта беше хумана, односно активностите беа преземени да можат да уживаат најмалите во своите игри.
Кога се поставија животните од Штип Атр активизам, анонимна група, не информираа дека:  
„Мотото „Децата заслужуваат повеќе“ произлезе токму од такви разговори со граѓаните , односно од потребите на граѓаните на Општина Штип. Поточно преку разговор со родители на деца со потешкотии во развој и потешкотии со видот  дознавме дека игралишта кои се наменети или се адаптирани за најранливи категории на дечиња или има многу малку или и не постојат. Затоа како група сакавме да дадеме видливост на оваа проблематика која ја засегаат оваа група на граѓани и не само преку критика туку и преку пример да покажеме дека со добра волја,  малку знаење и финансии без премногу политика може да се направи и спроведе ваква инсталација за дечиња. Сакаме да истакнеме дека Децата вистински залужуваат повеќе одошто им се нуди. И на сите граѓани да излезат од комфорната зона и почнат да делуваат и заедно со  носителите на одлуки и локалната власт да почнат да размислуваат за спроведување и изградба на ваков тип на игралиштаи зелени површини  за сите дечиња а посебно најранливите“.
Во изминатиот период можеше да се забележи, дека децата навистина уживаат, во секојдневните игри, дека е намалена монотоноста и здодевност. Но, совесноста не беше на доволно големо ниво, па денеска во трева ја најдовме главата на жирафата. Не помина ниту цел месец, за дел од скромниот но доста значаен придонес беше уништен. Останува времето да покаже, каков ќе биде крајот на оваа интересна поставеност на животните. Ќе се санира ли штетата, ќе се поправи ли истата или и другите животни ќе ги снајде иста судбина како и жирафата.

Лаура Стојанова М-Нет