
Завршено асфалтирањето на ул. „Сутјеска“ во Општина Штип. Откако пред осум години оваа улица се најде на списокот за реконструкција, и беше асфалтирана и реконструирана, пред неколку дена повторно е завршена нејзиното асфалтирање. Оваа улица се смета за доста фрекфентна со оглед на фактот дека води до градскиот пазар во Штип. Граѓаните кои секојдневно минуваат од овде со поделено мислење за нејзиното асфалтирање.
Првиот човек на Општина Штип, Сашко Николов, согласен со граѓаните дека улицата не била добро направена, но и истакна дека оваа улица имала вистинска потреба да биде реконструирано, но и дека истовремено се работи и на многу други улици низ градот под Исарот.
„Улицата „Сутјеска“ е една од најпрометните улици која што ја имаме во нашата општина и таа улица е во една исклучително лоша состојба. Како што можевте да забележите и претходно дупките и избегнувањето на нив, нерамниот коловоз, санираните дупки кои беа правени ја доведува до загрозување безбедноста на пешаците. Неправилното работење односно не квалитетното изработување си го донело своето. Затоа е направена комплетна реконструкција на улицата со цел наредните 20 години таа улица да не биде чепната“ – истакна Николов.
Николов посочи дека започнат е проект во руралните и урбани средини во Општина Штип, и ако се продолжи со сегашното темпо на работа во наредните 4 години нема да има улица која нема да е реконструирани или асфалтира доколку за тоа има потреба.
Лаура Стојанова М-Нет