Улицата „Гоце Делчев“ во Кочани во кал и дупки, граѓаните реагираат, надлежните без слух

Раскопани дупки, кал и само надеж да ја поминете улицата Гоце Делечев во Кочани без притоа да ви се оштети возилото. Со години оваа улица се наоѓа во вакава состојба, велат раѓаните кои живеат во овој дел од градот. Неколку пати до сега реагирале до надлежните, но освен фотографии за проблемот, решение на виделина нема.

„На оваа улица секое сабајле вода има, кога врне не може да се движиш по истата. Донесат две вреќи и мислат завршено е. И не е само таа дупка. Ископаа за цревата тука и така оставија.“

„Улицата Гоце Делчев е катасторфа. Тротарите се чистат ама и они не се баш добри. Вода се собира овде, коли минат, дупки“

За пробелмот со цевката за вода на која работеле од страна на КЈП „Водовод“ Кочани, зошто повтроно по извршените активности улицата не е вратена во првобитна состојба одговор побаравме од директорот Иван Иванов. Тој истакна дека потребно е да поминат неколку дена откако ќе завршат активностите со санирање на цевка за да се помине на бетонирање на улицата. Но, истовремено истакна дека веќе во утрешниот ден екипи на Водовод ќе излезат на терен.

Зошто оваа улица е во ваква состојба подолг временски период и дали во програмата за 2022 година ќе има нејзино реконструирање со обидовме одговор да побараме и од првиот човек на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Пред два дена од неговиот кабинет истакнаа дека не е во градот и веднаш штом се врати ќе бидеме известени за одговор. И по два од општината сѐ уште нема одговор на нашето прашање.

Лаура Стојанова М-Нет