Ударник убедлив, Карбинци повторно испушти победа пред крајот

фото: ФК Карбинци

Денеска беше одиграно 7. коло од Третата македонска фудбалска лига Исток.

Судиското надополнување повторно беше кобно за ОФК Карбинци – испуштена победа во 92 минута на гостувањето во Струмица, кај Тиверија. Головите паднаа во самиот финиш – во 84 минута конечно преку Марио Атанасовски Карбинци дојде до водство од 0:1. И кога се чинеше дека Карбинци ќе стигне до големи три бода, стигна казната преку домашниот играч Андон Шилинов и постигна гол за израмнување, за конечни ФК Тиверија – ОФК Карбинци 1:1.

На одиграните средби денеска, на две без голови , Малеш – Брегалница Делчево и Рудар – Светлост Зрновци, а Дојранско Езеро загуби дома од Ударник со 0:4, головите ги постигнаа Павлов, Тенекеџиев и Баламов.

Ударник е прв со 15 бодови, сега Карбинци го дели второто место со 12 бода, колку што има и Победа Валандово.

Победа од Валандово веќе има две средби помалку, денеска беше одложен натпреварот со Хоризонт Турново, а претходно и оној со Дојранско Езеро.


Наредното коло се игра во недела, 26 октомври, а екипата на ОФК Карбинци е слободна.