
Убавината на природата и мирисот на свежи цвеќиња изобилува во еден од најубавите паркови во градот. Убавиот парк се наоѓа наспорти црквата св.Горѓија во близина на населбата 8. Ноември. Симо Костадинов со својата сопруга секојдневно го посветуваат своето време во одгледување на паркот и наводнување на цвеќињата.
„Овој парк е еден од најубавите паркови во градот, овде е убавината на градот, скааме да биде и уште по убав ќе биде. Летниот период е многу топло и љуѓето доаѓаат овде на ладовинка . Овде има клупи, го одржаваме паркот постојано, заедно со мојата сопруга.“ – изјави Костадинов
Вели дека паркот има многу голема површина и изгледа многу убаво, а со тоа остава голем впечаток на посетителите не само од нашата држава и пошироко, да поседат и да ги гледаат убавините на природата, затоа што самиот парк се наоѓа во дебела сенка и се избегнува изложеноста на сонце.
„Па затоа што има простор и има место убаво, треба да се искорите и за народот да биде убаво за граѓаните. Па постојано има овде посетители на св. Георги, овде е ладовина иако сега е многу топло, има постојано луѓе до полноќ седат овде на клупите и убаво им е . Многу се задоволни, нема од каде луѓе од странство од други држави доаѓаат, се сликаат и се многу задоволни.“ – додава Костадинов
Инаку наспроти самиот парк има и црква Св.Горгија која постои 22 години, во манастирчето се слават три големи празници. Празник посветен на Св.Горгија, Св.Софија и празникот Голема Богородица. Инаку во самото манастирче има вода од светата Софија која е единствена овде.
„Има манастирче по право, тоа постои 22 години прво празникот св.Горгија кој се слави на 5 и 6 мај, па св.Софија на 30 септември и мајка Богордица, Голема Богородица на 28 август. Си има курбан, нека поцелат верниците нека го посетат манастирот.“ – додава Костадинов
Костадинов ги повикува сите верници во своето слободно време да го посетат манастирот, но и да ги разгледаат убавините на паарко.
Воедно упатува благодарност до градоначалникот на Општина Штип и ЈП кои помогнале во санирање на проблемите со вода и реконструкција на самата површина, за потоа Костадинов да почне со уредување на надворешниот изглед.
Лаура Стојанова, М-Нет