
На второ место се туристите од Србија , 8 830 посетители, додека на третото место се туристите од Германија со 6 615 гости.
Полјаците се на четвртата позиција, со 3 577 посетители, што покажува зголемен интерес. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во септември 2025 година во земјава биле регистрирани 132 999 туристи, кои оствариле вкупно 262 686 ноќевања. Од нив, 75,4 проценти се странски, а 24,6 проценти домашни туристи.
Во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи.
,,Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.9 % така што кај домашните туристи има намалување за 3.8 %, а кај странските има зголемување за 7.0 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во септември 2025 година:
32 950 од Турција
8 830 од Србија
6 615 од Германија
3 577 од Полска “, велат од ДЗС
Во периодот од јануари до септември годинава, туризмот во Македонија бележи раст од 5,8 проценти во однос на истиот период минатата година.
Кај домашните туристи има мало намалување од 1,4 проценти, но кај странските се бележи раст од 9,6 проценти, што ја потврдува сè поголемата заинтересираност на странците за нашата земја.
И бројот на ноќевањата е во пораст – зголемен за 0,9 проценти. Кај домашните туристи има пад од 3,8 проценти, но кај странските раст од 7 проценти, што покажува дека септември ја продолжил успешната летна сезона.
Со вакви бројки, Македонија ја зацврстува својата позиција како атрактивна дестинација за туристи од регионот и Европа, кои се повеќе ја препознаваат по природните убавини, културното наследство и гостопримството.
Иван Митев, М-Нет