
Поради зголемениот број на турските студенти во Штип има зголеувње на цените и на кириите. Бидејќи тие можат да си дозволат да платат поскапо, тоа е добра прилика за сите кои што изнајмуваат. Граѓаните на Штип, велат дека во државава овие студенти не работат, не зимаат стипендии, туку само учат, а опстануваат со ќесето од дома. Едногласни дека е добро што доаѓаат, бидејќи внесуваат буџет во државата од една страна и го оживуваат градот од друга страна.
Како што нашите иселеници се снаоѓаат низ Европа, така и турските државјани кај нас во Македонија, велат анкетираните, па децидни дека без разлика на националноста најважно е да допринесува во општеството.
Во согласност со ситуацијата, турските студенти велат дека во македонија е безбедно за студирање и пред се економично во споредба со нивната држава.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет