Тројца од повредените од Пулс се на болничко лекување, шест на контроли во Пигоров

Уште тројца пациенти од повредните од пожарот во дискотеката Пулс се на болничко лекување, посочи директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Од нив еден пациент се лекува во Истамбул и двајца пациенти се на лекување во приватна болница во Скопје. Како што истакна тој, двајца од пациентите се во тешка состојба, но се надева дека процесот на лекување ќе помине добро.

„Ме радува фактот дека бројот на повредени се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден пациент се врати од Истамул, и еден од Одделот за пластична хирургија. Во болнички услови се лекуваат еден пациент во Истамбул и два повредени пациенти во државата. Тие се во тешка состојба, но не критична“ – вели Клековски.

Од останатите повредени двајца пациенти одат на постојани интервенции во кочанската општа болница. Фондот за здравствено осигурување финансиски поддржува контроли за шест пациенти кои се вршат во болницата во Пигоров.

„Веќе сме на прагот на шестте месеци од трагичниот настан, и ги следиме сите препораки на специјалистите. Силиконските маски за лице и врат за повредените, се изработени со 3Д принтање во Германија, се очекува во наредниот период да пристигнат кај повредените.“ – вели Паниќ Мирчовска.

Во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март годинава животот го изгубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет