Тројца млади каратисти на КК „Штип“ изборија пласман за ЕП во Чешка

Изборното Карате првенство за млади што се одржа во Гостивар мина во знакот на штипските каратисти од кои тројца се стекнаа со настап на Европското првенство за млади што во почетокот на идната година ќе се одржи во главниоt град на Чешка, Праgа. Државни прваци во своите категории станаа Григор Хаџи – Кимов, Љупче Михајлов и Андреј Басаров предводени од тренерите Сашко и Жарко Арсовски. Карате сликата од изборното првенство ја надополнија Цане Давитковски и Виктор Спасов кои ги освоија вторите места а Мила Панчева беше трета.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk