Трипуновски: Нема законски пречки, договорите на земјоделците може да се продолжат!

Не постои законска пречка за склучување на договори во овој период – посочи допонителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска оствари средба со земјоделците од „Овчеполски фармер“. Вели дека согласно дописот од Државната комисија за спречување корупција, иако се наоѓаме во период со техничка Влада и подготовка за избори договорите на земјоделците за закуп на земјиште може да се продолжат.

„Има, постои многу елегантно решение без притоа да се прават какви било измени на Законот, а тоа е дека согласно поднесените барања од страна на земјоделците министерот по претходна одлука на Влада може да склучи договори за непосредна спогодба. Јас пред мене го имам и дописот од Државната комисија за спречување корупција, и од 2016 и од 2019 и сакам да цитирам дека не постои законска пречка. На прашање: Дали постои законска пречка во овој период да се склучуваат вакви договори, одговорот е не.“ – вели Трипуновски.

Трипуновски вели дека стои на располагање на земјоделците без разлика каква ќе биде нивната одлука, дали ќе протестиирааѕ или не. Дециден е дека нивните барања за продолжување на договорите се уредно доставени и дека требало досега да бидат продолжени.

„Проблемот којшто они го креираа не требаше воопшто да постои. Ако министерот води политика наместо да бара решение, јас мислам дека неминовно е земјоделците да излезат на протест. Јас стојам на располагање и во ниту еден момент не сум го кочел изборниот процес.“ – додава Трипуновски.

Согласно податоците од министерството до 31 декември 2023 година имало 129 договори кои не се продолжени, а за кои има поднесено уредни барања, вели Трипуновски.

Лаура Стојанова М-Нет