Расте бројот на паркинг места во центарот на Штип, се работи на уредување на просторот пред станбените згради

Нови паркин места ќе добие Штип, во централното градско подрачје. Денеска се уредуваше просторот кај станбените згради под полициската станица во Штип, а веќе за утре исто е предвидено и за кај таканаречената „зелена кула“. Освен паркинг простор ќе се работи и на партнерно уредување и поставување павер елементи. Истовремено, активности на терен има на улицата „Христијан Карпош“, како и во неколку останти населени места во Штип. За оваа инвестиција од Буџетот на Општина Штип се издвоени околу еден милион денари.

„По завршувањето на партерното уредување на улица „Христијан Карпош“, познатите „црвени кули“, продолжуваме понатаму со уредување на останатите влезови од станбените згради, се уредува дел за паркирање затоа што е централно градско подрачје, а во непосредна близина се наоѓа и СВР Штип, така да потребата за паркинг места е поголема, и за жителите и вработените во институциите. Во текот на утрешниот ден продолжуваме со уредување на тротоарот и влезовите на станбената зграда зелената кула, која се наоѓа веднаш до СВР Штип.“ – Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Паркинг просторот во централното градско подрачје е една од потребите посочени од страна на граѓаните на кои работат од Локалната самоуправа. Градоначалникот Јорданов посочи дека во наредните денови ќе продолжи со уредување на станбената зграда, уредување на улицата и ново модернизирање на овој дел од градот.

„Паралелно на тоа се работи во населбата 8 Ноември, а се очекува и да започне во населба Сењак со уредување на влезовите и од останатите неколку станбени згради од оваа населба“- додава Јорданов

Паркинг места во центарот на градот ќе има и кај стариот градски пазар, а дополнително ќе се прошири и паркинг платформата. Со ова се работи на решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет