Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичниот настан во Италија

фото: Општина Македонска Каменица

Денеска, Советот на Општина Македонска Каменица одржа итна седница, на која од страна на советниците беше донесена одлука за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица на 11 април, 12 април и 13 април 2023 година. Оваа одлука е донесена поради трагичниот настан кој вчера се случи во Италија, каде животот го загубија двајца граѓани на Македонска Каменица.

Советот на Општина Македонска Каменица утре ќе изврши дополнителни консултации со службите во Општина Македонска Каменица и ќе се разгледа можноста за одобрување на финансиски средства за семејствата на загинатите во трагичниот настан.

Советот на Општина Македонска Каменица изразува искрено и длабоко сочувство до фамилиите на трагично загинатите млади момчиња.