
Земјторес во Основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип. Неколкумина ученици останаа под урантините, поголем дека од останатите ученици и наставници безбедно ја напуштија училишната зграда. Веднаш на местото на настанот излегоа екипи на противпожарната единца Штип, брзата помош, екипи од Црвен крст како и полициски службеници. Учениците успешно се извлекоа од под урнатините и им се пружи прва помош, а дел од нив беа пренесени во болница. На ваков начин денеска се изведе тактичко показна вежба, симулација на земјотрес. Според директорот Кокан Радев акцијата е успешна и е дел од годишниот план на училиштето.
„Денес се реалиизравме акција за спасување при земјотрес. Акцијата по мое мислење е успешна, сѐ се одвиваше по протокол и план. Ова е дел од програмата, повеќе пати е реалзирана за сите генерации“ – вели Радев.
Од ТППЕ Штип реагираа со три возила и 13 пожарникари. Командирот Дарко Коцев потенцира дека имаат доволно опрема за да се реагира доколку се случи земјотрес со потешки последици.
“Противпожарната единица Штип денеска во основното училиште Ванчо Прке изведе вежба – тактичко показна вежба симулација на земјотрес. Со оваа вежба сакавме да покажеме на учениците, училителите како се врши евакуација и ние настапивме со спасување, претржување. ТППЕ учествуваше со 13 пожарникари и 3 возила. Имаме ние три сет опреми за земјотреси, хидроулични пумпи и перчиња за земјотрес“ – вели Коцев.

Прва помош на скршени екстремитети повредените ученици добија од обучени волонтери од Црвен крст Штип, кои беа дел од ваквата акција.
Показно – тактички вежби се спроведуваат во сите основни и средни училишта, а се симулира земјотрес, пожар или некоја друга природна катастрофа.
Лаура Стојанова М – Нет