Три нови згради ќе „никнат“ кај Паркот на фармацијата во Општина Штип

Три нови згради ќе никат кај Паркот на фармацијата во населба Дуизлак во Општина Штип. На празниот просотор кој се наоѓа веднаш до спортското и детско игралиште е предвидено да се изградат згради за домување, кои ќе бидат со високо приземје и четири ката. На терен граѓаните кои живеат во овој дел од градот се со поделено мислење дали овде треба да има згради или не.

„Не би требало, паркот е направен за деца да си играт, зеленило да има. Сега ќе се уништува зеленилото.“

„Нека прават, има место каде да се изградат згради и ќе остане и простор за зеленило“

Трите градежни парцели веќе се објавени за продажба со намена А2 домување во станбени згради.

„Согласно ова заинтересираните субјекти би можеле да учествуваат на акуција и д абидат понудувачи. “ – додава Хаџи Николов.

За првата парцела објавата трае до 29 март оваа година, а наддавањето е закажано за на 31 март. За другите две парцели објавите се до 4 април, а наддавањето е на 6 април. Според најповолна понуда идните сопственици веднаш штом ќе добијат договор, може да извадат градежна дозвола и да започнат со градба. Законски имаат период од девет месеца за добивање градежна дозвола, две години за отпочнување на градба и десет години за целонсно завршување на градбата.

Лаура Стојанова М-Нет