
Во сабота ќе се пошумува на месноста Кумлак во Општина Штип. Вработените во администрацијата, општина и јавните претпријатија заеднички ќе придонесуваат за зелена околина, жиста животна средина и подигање на свеста кај граѓаните за раззеленување на околината. Истовремено започнуваат и неделните акции за расчистување на сите населени места на теритроија на Општина Штип, акција која се спроведуваше и изминатата година.
„Грижата за здрава животна средина оваа пролет ќе биде една од приоритетите во Општина Штип. За таа цел на ден 11.03.2023 сабота Општина Штип заедно со ЈП ќе спроведе голема акција за пошумување. Вработените во општината и јавните претпријатија, целата администрација оваа сабота ќе засадат неколку илјади садници црн бор на месноста Кумлак со што ќе ги зголемиме зелените површини, позитивно ќе придонесеме за почист воздух и подигање на јавната свест за зачувување на животната средина преку пошумување и раззеленување на околината“ – вели Јорданов.
Во сабота е планирано да се засадт 4000 садници црн бор, а дополнително ќе се засадт саднци покрај коритото на река Отиња и на други останати локации во градот. Ова е само почеток на раззеленувањето на Штип, потенцираше Јорданов бидејќи единствен одбранбен систем за здрава средина се зелените површини.
„Со оваа акција која ќе се реализира во сабота на месноста Кумлак се предвиден засадување на 4000 садници бор, ќе се засади и во коритото на река Отиња“ – додава Јрорданов.
Садниците се донација од општествено одговорни компании, бидејќи расадникот на ЈП Исар не располага со доволен број на садници. Вкупната финансиска инвестија од страна на општината за ваквите акции ќе се знае дополнително.
Лаура Стојанова М-Нет