Три екипи со два од два во Втората лига, Борец и Охрид без бодови

Вчера се комплетираше 2. коло во Втората лига со мечот во Куманово каде Башкими со 1:2 загуби од Македонија ЃП, натпревар кој можевте да го следите ексклузивно на телевизија М Нет.

„Лавовите“ трнаа според посакуваното во новата сезона во која нивна главна цел е експресно враќање во Првата лига.

Македонија ЃП која лани испадна од Прва лига, во новата сезона атакува на експресно враќање во Првата лига.

Овој викенд на телевизија М Нет можевте да го следите и дербито на Југот кое се одигра во Богданци, а каде Вардарски загуби со 1:3 од Кожуф.

Кожуф по ремито со Саса дојде до посакуваната цел, три бода во дербито со Кожуф, дерби кое беше за докажување и дерби за престиж, а кое го следеа повеќе од 2000 луѓе на Градски во Богданци.

Новаци на домашен терен загуби од Брегалница со 0:2, со што „сините“ на Трајче Сенев ја забележаа втората победа во низа, Саса дома загуби од Детонит Плачковица со 0:2.

Охрид доживеа нов пораз, овој пат на домашен терен откако со 2:4 загуби од Охрид, а Осогово во финишот дојде до 1:1 во дуелот со Скопје на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет